Bilgin S. Şaşmaz
27 Август 2017•Ажурирај: 28 Август 2017
ЧИКАГО (АА) - Се отвори саемот „Wizard World Comic Con“ во американскиот град, Чикаго, кој се смета за еден од најживописните активности во Соединетите Американски Држави (САД), јавува Anadolu Agency (AA).
Саемот кој традиционално се организира од 1972 година, ги отвори своите врати за посетителите за едно од најголемите случувања во Чикаго, во Конгресниот центарот „Donald E. Stephens“.
Во овој саем привлекоа внимание шарените костуми и шминки, а беа отворени штандови од областа на цртаните филмови, графичките анимации, видео-игрите, филмовите и телевизијата.
Саемот кој се очекува да биде посетен од илјадници посетители, ќе заврши на 27 август.