Ömer Koparan
11 Мај 2020•Ажурирај: 13 Мај 2020
БАБ
Најмалку 18 цивили се ранети во експлозија на бомба во период на ифтар во една прометна улица во округот Ал-Баб, на северниот дел на Сирија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомбата, скриена во пакет, е активирана кога на тоа подрачје имало многу луѓе кои тргувале.
Бомбата е поставена во многу прометна улица попозната како патот Раи во самиот центар на градот Ал Баб кој е ослободен од терористите.
Во терориситчкиот напад се ранети најмалку 18 цивили кои се префрлени во болница, а значителна материјална штета е причинета врз околните згради.
Локалните безбедносни сили веруваат дека нападот го извршила терористичката организација ЈПГ/ПКК.