Elvir Hociç
03 Март 2019•Ажурирај: 04 Март 2019
АЛЖИР (АА) - Стотици студенти денес излегоа на улиците во главниот град на Алжир, барајќи повлекување на кандидатурата на актуелниот претседател на оваа земја, Абделазиз Бутефлика, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестите се организирани со засилени безбедносни мерки, а станува збор за продолжување на протестите кои траат веќе 10 дена низ цел Алжир.
Владеачката алжирска партија Национален либерален фронт, минатиот месец за свој претседателски кандидат го прогласи 81-годишниот Бутефлика, кој е на чело на оваа африканска земја уште од 1999 година.
Кандидатурата на Бутефлика за петти последователен мандат за претседател на Алжир предизвика остри реакции на опозицијата и јавноста.
Опозициските лидери сметаат дека Бутефлика, поради здравствени причини повеќе не е физички способен да биде на чело на државата. Бутефлика пред шест години претрпе тежок мозочен удар и оттогаш ретко се појавува во јавноста.
Денес и најголемата муслиманска политичка партија во Алжир, Општествено движење за мир, се повлече од претседателските избори, закажани за 18 април.
Општественото движење за мир претходно го номинираше Абдеразака Макриј за претседателски кандидат, меѓутоа, раководството на партијата, само 24 часа пред затворањето на кандидатската листа, одлучи да не учествува на овие претседателски избори.
Одлуката за повлекување од претседателските избори е донесена во знак на протест поради повторната кандидатура на актуелниот претседател Бутефлика.