Mohamad Misto,Ethem Emre Özcan
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ДЕИР ЕЗ ЗОР (АА) - Терористичката организација ЈПГ/ПКК во последните 10 дена во регионите што ги зазеде во областа Деир ез Зор во источна Сирија затвори најмалку 100 цивили, од кои повеќето ќе бидат присилно регрутирани, јавува Агенција Анадолија (АА).
ЈПГ/ПКК продолжува да затвора цивили во подрачјето на Деир ез Зор, каде што арапското население е мнозинство.
Според информациите на АА добиени од локални извори, терористите на ЈПГ/ПКК во последните 10 дена затворија најмалку 100 цивили во рациите и на контролните пунктови во различни региони на Деир ез Зор. Повеќето од затворените претходно учествувале во протестите одржани против терористичката организација.
Терористите регрутираат насилно поголем дел од цивилите, а врз другите цивили спроведуваат тортура.
Терористичката организација исто така во средината на јануари насилно регрутираше повеќе од 50 млади луѓе од Деир ез Зор.
Терористите, кои спроведуваа слични практики и претходно, во последните месеци затворија стотици мажи на возраст од 18 години и повеќе во провинцијата Хасека, на североистокот на земјата.
Од друга страна, терористите, во замена за мито, ослободија стотици цивили затворени или киднапирани под лажни обвиненија во последните неколку недели.
- Ситуацијата во Деир ез Зор -
Арапите што живеат во регионите окупирани од ЈПГ/ПКК во Деир ез Зор честопати протестираат против дискриминацијата што се спроведува меѓу локалното население, лошите услови за живот и митото и корупцијата, кои се честа појава во регионот.
Од друга страна, терористичката организација спроведува рации во домовите на оние што учествуваат во демонстрациите и под различни изговори апси цивили, меѓу кои има стари лица, деца и болни.
Според податоците на Сириската мрежа за човекови права, не е позната судбината на скоро 4.000 лица затворени од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Источниот дел на Деир ез Зор, чие мнозинско население се состои од Арапи и се наоѓа источно од реката Еуфрат, е под окупација на терористичката организација ЈПГ/ПКК од 2016 година.
По повлекувањето на терористичката организација ДЕАШ во ноември 2017 година, центарот на градот и западниот дел на Деир ез Зор се под контрола на режимот на Башар ал Асад.