Davit Kachkachishvili
20 Мај 2022•Ажурирај: 22 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 28.700 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Генералштабот се наведува дека украинските сили од 24 февруари до 20 мај уништиле 204 авиони, 168 хеликоптери и 1.263 тенка.
Исто така, украинските сили уништиле 3.090 оклопни возила, 596 топа, 200 ракетни системи и 93 системи за противвоздушна одбрана.
Освен тоа, руските сили загубиле и 2.162 возила, 13 брода и лесни глисери и 460 беспилотни летала.
Во соопштението на руското Министерство за одбрана на 25 март беше истакнато дека во Украина загинале 1.351 руски војник.
Од друга страна, во соопштението на Главното обвинителство на Украина се наведува дека како резултат на руските напади во Украина кои започнаа на 24 февруари, загинале 231 дете, додека 427 деца биле повредени.
Исто така, се истакнува дека во нападите на руската војска се оштетени 1.837 образовни установи, од кои 172 се целосно уништени.