Meiramgul Kussainova
06 Мај 2022•Ажурирај: 07 Мај 2022
КИЕВ (АА) - Шефот на Кабинетот на претседателот на Украина, Андриј Јермак, изјави дека уште околу 500 Украинци се спасени од Мариупол и од фабриката за челик „Азовстал“, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јермак на Телеграм напиша дека во тешки услови е извршена уште една акција на евакуација на луѓето од Мариупол и од „Азовстал“.
„Успеавме да спасиме околу 500 цивили“, рече тој.
Тој им се заблагодари на Обединетите нации (ОН) за соработката и рече дека ќе продолжи со акциите за евакуација за да се спасат украинските цивили и војници.