Ahmet Gençtürk
16 Февруари 2022•Ажурирај: 17 Февруари 2022
АНКАРА (АА) – Веб-страниците на неколку украински владини институции и големи банки вчера беа цел на кибернапад, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Вчера попладне беше извршен моќен кибернапад врз голем број информативни ресурси на Украина“, се вели во соопштението на Државната служба за специјална комуникација и заштита на информации на Украина.
„Цел на кибернападите беа веб-страниците на Министерството за одбрана и на украинската војска, заедно со веб-услугите на „Приватбанк“ и „Ошадбанк““, се вели во соопштението.
„Веб-страниците на банките повторно беа отворени до вечерта“, се вели во соопштението, во кое се додава дека „група експерти ги преземаат сите неопходни мерки за локализирање и отпор против кибернападот“.
Кибернападот се случи во време на зголемени тензии меѓу Русија и Украина, кога неколку западни земји тврдат дека Москва е подготвена да го нападне својот поранешен советски сосед.
Москва негира дека се подготвува за инвазија и вели дека нејзините војници се близу границата на Украина поради вежби.
Претходно вчера, Кремљ објави дека дел од руските војници се враќаат во базите по завршувањето на вежбите во близина на украинската граница.
Но, САД рекоа дека допрва треба да ја утврдат вистинитоста на тврдењето на Москва за повлекување на војниците од границата.