свет

Украинскиот министер за одбрана побара разрешување на четворица воени функционери

- Меѓу оние што украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров сака да ги разреши се Станислав Хајдер, Олександар Серхиј, Јури Џигир и Људмила Дарахан, поранешна државна секретарка на Министерството, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.

Burç Eruygur  | 01.10.2024 - Обновена : 02.10.2024
Украинскиот министер за одбрана побара разрешување на четворица воени функционери

КИЕВ (АА) - Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров денес објави дека поднел барање до Владата на Украина за разрешување на четворица воени службеници, јавува Анадолу.

Меѓу оние што Умеров сака да ги разреши се Станислав Хајдер, Олександар Серхиј, Јури Џигир и Људмила Дарахан, поранешна државна секретарка на Министерството, се вели во соопштението објавено на Фејсбук.

„Системот на Министерството за одбрана на Украина - вооружените сили, Главната управа за разузнавање и Државната специјална транспортна служба - е затворен периметар за време на вонредна состојба. Тоа значи дека сите процеси внатре мора да бидат јасни и контролирани. Секој обид да се влијае врз нив, без разлика дали надворешно или внатрешно, е неприфатлив“, рече министерот Умеров, без да ги прецизира конкретните причини за нивното разрешување.

Тој додаде дека ќе ја информира јавноста за новите именувања, вклучително и за неговите заменици.

По преземањето на функцијата во септември 2023 година Умеров нагласи дека борбата против корупцијата ќе биде негов главен приоритет додека е на оваа функција.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.