Halime Afra Aksoy
19 Август 2024•Ажурирај: 21 Август 2024
ГАЗА (АА) - Уште еден новинар е убиен во нападите на израелската Армија врз Појасот Газа, пренесува Анадолу.
Според извештаите на локалните медиуми, израелската Армија вчера гаѓала група новинари на должност во градот Хамед, северозападно од Хан Јунис.
По нападот не се знаеше судбината на палестинскиот новинар Ибрахим Мухариб.
Меѓутоа, неговото безживотно тело било пронајдено подоцна во близина на градот Хамад.
Вчера беше ранета и палестинската новинарка Селма ал Кадуми кога израелската Армија отвори оган врз група новинари на должност во Хамед.
Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива врз Газа која продолжува од 7 октомври.
Убиени се речиси 40.100 Палестинци, главно жени и деца.
Повеќе од 10 месеци од почетокот на израелската војна, огромни делови од Газа се во урнатини, каде што постои блокада на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине својата воена операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.