Hüseyin Burak Demirer
05 Ноември 2021•Ажурирај: 05 Ноември 2021
АНКАРА (АА) - Светското првенство во Формула 1 ќе продолжи со 18. трка во сезоната која ќе се одржи во Мексико, јавува Агенција Анадолија (АА).
За Големата награда на Мексико (Mexico Grand Prix) на патеката „Ерманос Родригез“, која е долга 4,3 километри, возачите ќе треба да извозат 71 круг.
Утре (сабота) со почеток во 21:00 часот ќе се одржи трката за полпозиција, а трката за Големата награда на Мексико е закажана за в недела, 7 ноември, со почеток во 20:00 часот.
Пред трката, пласманот на возачите и тимовите е следниот:
- Пласман на пилотите:
1. Макс Верстапен (Холандија): 287,5 поени
2. Лиус Хамилтон (Велика Британија): 275,5 поени
3. Валтери Ботас (Финска): 185 поени
4. Серџо Перез (Мексико): 150 поени
5. Ландо Норис (Велика Британија): 149 поени
- Пласман на тимовите:
1. Mерцедес: 460,5 поени
2. Ред Бул: 437,5 поени
3. Мекларен: 254 поени
4. Ферари: 250,5 поени
5. Алпин: 104 поени