Doğa Kırmızıoğlu
10 Јуни 2020•Ажурирај: 11 Јуни 2020
ЛОНДОН
Тренерот на Стоук Сити, Мајкл О’Нил, е заразен со новиот тип коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Стоук Сити се наведува дека денес требало да одигра пријателски меч против Манчестер Јунајтед, поради што сите играчи и персонал се тестирани.
Тестирањата на крајот покажале дека О’Нил е позитивен на Ковид-19.
Поради новонастанатата ситуација, планираниот меч е откажан, а тренерот на Стоук Сити ќе мора да остане во карантин.
Премиер лигата и Шампионатот во Англија продолжуваат на 17 јуни и тоа без гледачи на трибините.
Стоук Сити, кој моментално се натреварува во Шампионатот, на 20 јуни гостува кај Рединг, а наместо О’Нил екипата ќе ја предводи неговиот помошник Били Меккинли.