Abdulkadir Karakaya
11 Јули 2020•Ажурирај: 14 Јули 2020
АНКАРА (АА) – По случаите со новиот вид коронавирус (Ковид-19) регистрирани во Цирих, еден од клубовите од Супер лигата на Швајцарија, одложени се два натпревара во лигата, додека фудбалерите се ставени во карантин, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на клубот се нагласува дека во клубот се регистрирани нови случаи како резултат на направените контроли откако 23-годишниот одбранбен фудбалер, Мирлинд Криезиу, излезе позитивен на Ковид-19.
Поради оваа причина одложени се напреварите на Цирих кои требаше да се одиграат против клубовите Сион и Базел. Фудбалерите во канратин ќе бидат до 17 јули.
Се вели дека по разговорите со Супер лигата на Швајцарија, ќе се донесе одлука за состојбата на клубот во лигата.