Fatih Erel
07 Декември 2021•Ажурирај: 10 Декември 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Шестмина фудбалери на англискиот премиерлигаш Тотенхем се заразени со коронавирус, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Британските медиуми јавија дека шестмината фудбалери кај кои е потврдено заразувањето, за период од десет дена пропуштиле најмалку три натпревари.
Покрај тоа, заразувањето е потврдено и кај две лица од стручниот штаб на клубот.
Тотенхем во Европската конференциска лига на УЕФА ќе игра против францускиот Рен, а во англиската Премиер лига против Брајтон и Лестер Сити.