Eşber Ayaydın
27 Јули 2021•Ажурирај: 30 Јули 2021
ШАНЛИУРФА (АА) - Две сириски деца на возраст од 15 и 16 години, кои избегаа од терористичката организација ЈПГ/ПКК, им се предадоа на турските безбедносни сили во Шанлиурфа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според информациите до кои стигна дописникот на АА од безбедносни извори, 15-годишно момче и 16-годишно девојче успеале да избегаат од редовите на терористичката организација.
Двете деца биле измамени од приврзаниците на терористичката организација со изговор дека ќе бидат одведени на разни културни настани, но биле однесени во камп околу 2 месеца во регионот Хасека во Сирија, каде што се здобиле со вооружена и идеолошка обука.
Двете сириски деца, кои подоцна дојдоа во Турција, им се предадоа на турските безбедносните сили.
Двете деца се подложени на здравствена контрола, а по нивните искази земени се во заштита на државата, бидејќи сè уште се малолетни.
Терористичката организација ЈПГ/ПКК присилно регрутира деца во областите што ги окупира во Сирија.