Yusuf Soykan Bal
23 Септември 2023•Ажурирај: 26 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Земјотрес со интензитет од 4,6 степени според Рихтер утрово ја потресе турскатa јужна област Кахраманмараш, известува Анадолу.
Агенцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД) соопшти дека земјотресот се случил во 11:22 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил во местото Ѓоксун, на длабочина од 8,48 километри.
Во соопштението на АФАД се наведува дека засега нема информации за последиците од земјотресот, а надлежните служби на теренот вршат контрола на ситуацијата.
Кахраманмараш беше во епицентарот на разорните земјотреси кои на 6. февруари ги потресоа јужните делови на Туркије и северните погранични региони на Сирија. Во тие потреси животот го загубија десетици илјади луѓе, оставајќи зад себе апокалиптички последици во многу градови.