Sergen Sezgin,Burak Akay
31 Октомври 2020•Ажурирај: 31 Октомври 2020
ИЗМИР
Под урнатините во Измир, 26 часа по земјотресот, извлечено е уште едно повредено лице, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Екипите за пребарување и спасување воспоставија комуникација со Хелим Сари (62) во самопослугата во приземјето на зграда чии први два ката се срушени како последица на земјотресот.
Екипите долго се обидуваа да го спасат Сари чија нога била заглавена. Сари по 26 часа од земјотресот е извлечен под урнатините.
Учителката по англиски јазик Румејса Сари изјави за АА дека нејзиниот татко отишол од дома во трговија и дека во тој момент се случил земјотресот.
Според последните информации, бројот на загинатите во земјотресот во Измир, зголемен е на 35.