Kemal Karadağ
22 Март 2018•Ажурирај: 23 Март 2018
АНКАРА (АА) - КЕМАЛ КАРАДАГ - За време на вкупно 106 досега завршени судски постапки против терористичката организација ФЕТО, а во врска со обидот за државен удар во Турција, 562 пучисти беа осудени на доживотен затвор, додека 805 добија затворски казни на одреден период, јавува Anadolu Agency (AA).
Терористичката организација ФЕТО, со посредство на инфилтрирани поданици во редовите на турската војска, полицијата и другите институции, на 15 јули 2016 година, изврши обид за воен удар во Турција, а Турското обвинителство покрена бројни истраги против пучистите.
До денес, 283 судски постапки се започнати низ цела Турција, од кои 106 се завршени. Меѓу обвинетите во овие процеси се наоѓаат и војници пучисти кои го водеа обидот за државен удар.

Во досегашните процеси, 253 обвинети беа осудени на доживотни казни на тежок затвор, а 339 осудени лица беа осудени на доживотен затвор. По четири казни тежок доживотен затвор доби 31 обвинет, додека четворица од нив добија три исти казни.
Меѓу осудените, кои беа осудени на доживотни казни на тежок затвор, се наоѓаат 22 генерали, 166 офицери, 31 подофицер, 1 водник, 17 студенти на Воената академија и четворица инженери.
Покрај 339 обвинети кои добија казни доживотен затвор, 213 добија затворски казни од 14 месеци и 20 години затвор.
Судиите совети издадоа низа ослободителни пресуди за некои од обвинетите, меѓу кои се наоѓаат војници и офицери со чин.
Терористичка организација ФЕТО, во ’70-тите години на минатиот век почна своите поданици да ги инфилтрира во безбедносните институции на Турција, по што во ’80-тите години значително ги зајакна своите паралелни пирамиди во овие институции. На 15 јули 2016 година, терористичката организација ФЕТО изврши неуспешен обид за државен удар, со цел рушење на уставниот поредок и соборување на демократски избраната Влада во Турција. Најмалку 249 лица загинаа при обидот за државен удар, додека илјадници други беа повредени.