Elena Trenchevska Chekovic
24 Август 2025•Ажурирај: 25 Август 2025
СКОПЈЕ (АА) - Најголемиот воен брод на Турција, амфибискиот јуришен брод ТЏГ Анадолу, денес ја предводеше парадата на Турската морнарица низ Босфорот по повод настанот „Сина татковина“ на ТЕХНОФЕСТ, јавува Анадолу.
Како дел од настанот на кој се претставени морнаричките и поморските капацитети на Турција, одбрани единици на турската морнарица поминаа низ истанбулскиот теснец.

Меѓу бродовите што учествуваа се ТЏГ Анадолу, ТЏГ Саварона и подморницата ТЏГ Хизирреис.
Морнарицата пловеше од 15:30 до 18:30 часот по локално време, почнувајќи од мостот Јавуз Султан Селим и минувајќи низ Саријер, Тарабја, Емирган, Канлиџа, Румели Хисари, Кандили, Бебек и Ортакој.

По пристигнувањето кај палатата Долмабахче преку Мостот на загинатите херои од 15 јули, претседателот Реџеп Таип Ердоган ја поздрави флотата.
Парадата продолжи долж бреговите на Мода, Џадебостан и Малтепе.
Активностите на ТЕХНОФЕСТ Сина татковина ќе се одржат на 30 и 31 август во Командата на морнаричкото бродоградилиште во Истанбул.
Програмата ќе вклучува изложби на модели на поморски бродови, зони за виртуелна реалност, демонстрации од командоси на САТ и САС, трки со бродови и работилница за дизајн на бродови.