Savaş Güler
14 Јануари 2020•Ажурирај: 15 Јануари 2020
КОЊА/АНКАРА/ТРАБЗОН (АА) – Во турските градови Коња, Анкара и Трабзон продолжија операциите против структурите на ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во операцијата против структурите на ФЕТО во 20 области на градот Коња, од 30-те осомничени, приведени се 14, а меѓу нив има лица кои биле на активна должност во Војската.
Јавното обвинителство во Коња продолжува со истрагите против структурите на ФЕТО.
Во овој контекст, во согласност со изјавите дадени од воениот персонал и нивните водачи, „тајните имами“ (високи припадници на терористичката организација одговорни за членовите на ФЕТО инфилтрирани во вооружените сили), донесена е одлука за приведување на 30 осомничени, од кои 24 биле на активна должност во Војската, со образложение дека се членови на организацијата.
Екипите за борба против шверц и организиран криминал спроведоа операција во 20 области на градот Коња.
Во операцијата беа приведени 14 осомничени.
Продолжува потрагата по 16 осомничени кои не се наоѓаа на претходно одредените адреси.
Исто така, и во Анкара и Трабзон продолжија операциите против структурите на ФЕТО.
Во рамките на истрагата за структурата на терористичката организација ФЕТО во Анкара, во Командата на копнените сили донесена е одлука за приведување на 4 лица со активна служба во Армијата, 27 подофицери и 4 цивили.
Во операцијата што е изведена во 10 области на Анкара приведени се 22 осомничени.
Одделението за борба против тероризмот во Анкара ја продолжува потрагата за пронаоѓање на другите осомничени лица.
Во операциите во 6 области на градот Трабзон, 10 осомничени се приведени со образложение дека се членови на терористичката организација ФЕТО.