Merve Gül Aydoğan Ağlarcı
07 Март 2022•Ажурирај: 08 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека оваа недела ќе се сретне со министрите за надворешни работи на Русија и Украина на Дипломатскиот форум во Анталија, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Овој трипартитен состанок ќе го одржиме во четврток на 10 март во Анталија“, рече Чавушоглу.
Изразувајќи надеж дека средбата ќе биде „пресвртница“ и „важен чекор“ кон мирот и стабилноста, турскиот министер за надворешни работи рече дека Анкара „ќе продолжи да прави напори за траен мир“.
Дипломатскиот форум во Анталија ќе се одржи од 11 до 13 март.
Нападот на Русија врз Украина, што започна на 24 февруари, го предизвика гневот кај меѓународната заедница, а Европската Унија, Велика Британија, Канада, Јапонија и Соединетите Американски Држави (САД) воведоа економски санкции кон Москва.
Според Обединетите нации (ОН), оттогаш во Украина се убиени најмалку 364 цивили, а 759 се ранети.
Според Агенцијата на ОН за бегалци, повеќе од 1,5 милиони луѓе ја напуштиле Украина и отишле во соседните земји.