Ömer Olcay
08 Март 2022•Ажурирај: 09 Март 2022
АНКАРА (АА) - Турски безбедносни сили неутрализираа 12 терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти турското Министерство за национална одбрана, известува Агенција Анадолија (АА).
Терористите беа лоцирани откако отворија оган во зона на операцијата „Штитот на Еуфрат“, наведува турското министерство на Твитер.
Турските власти го користат зборот неутрализира за да наведат дека терористите за кои станува збор се фатени, се предале или се убиени.
Исто така, од 2016 година Анкара реализира три успешни прекугранични антитерористички операции во Сирија за да превенира формирање терористички коридор и да овозможи мирна средина за жителите. Тоа се операциите „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Во терористичката кампања против Турција што трае повеќе од 35 години, терористичката организација ПКК, која е на листата на терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија, одговорна е за смртта на најмалку 40.000 луѓе, жени, деца и доенчиња. ЈПК е сириски огранок на ПКК.