свет, економија

Економисти: Израелската војна ја чинеше економијата над 67,3 милијарди долари

„Дефицитот е многу поголем, има евакуирани, ранети и многу други економски потреби што и не се вклучени во цената на војната“

Ahmed Asmar  | 15.08.2024 - Обновена : 17.08.2024
Економисти: Израелската војна ја чинеше економијата над 67,3 милијарди долари

КУДС (ЕРУСАЛИМ) (АА) - Војната во Газа ја чинеше израелската економија над 67,3 милијарди долари, изјавија денес израелски економисти, јавува Анадолу.

„Војната веќе ја чини израелската економија повеќе од 250 милијарди шекели (67,3 милијарди долари), а одбранбените сили бараат годишно зголемување од најмалку 20 милијарди шекели (5,39 милијарди долари)“, изјави за израелскиот Канал 12, Ракефет Русак-Аминоах, поранешен извршен директор на Израелската централна банка.

„Дефицитот е многу поголем, има евакуирани, ранети и многу други економски потреби што и не се вклучени во цената на војната“, додаде таа.

Јакоб Френкел, поранешен гувернер на Израелската централна банка, рече дека буџетскиот дефицит на земјата достигнал 8,1 отсто во јули минатата година.

„Најитна и најважна задача е да се справиме со дефицитот“, рече тој.

„Израел ја започна 2023 година без дефицит и оттогаш ситуацијата се влоши. До крајот на јули дефицитот достигна 8,1 отсто или околу 155 милијарди шекели (41,8 милијарди долари). Мора да биде покриен!“

Ури Левин, поранешен извршен директор на израелската Дисконт банка, рече дека Израел не ќе може да ја рехабилитира својата економија без да ја врати довербата кај меѓународните инвеститори.

Израел, прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот, се соочи со меѓународна осуда поради континуираната брутална офанзива врз Газа по нападот на Хамас на 7 октомври.

Според локалните здравствени власти, оттогаш во израелските напади загинаа над 40.000 лица, главно жени и деца, а повредени се повеќе од 92.000.

По повеќе од 10 месеци од почетокот на израелските напади огромни делови на Газа се во урнатини, а постои и блокада за храна, чиста вода и лекови.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој му нареди веднаш да ја прекине воената операција во јужниот град Рафа, каде што повеќе од еден милион Палестинци побараа засолниште од војната пред да започне копнената офанзива врз градот на 6 мај.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın