Aida Cako
08 Октомври 2025•Ажурирај: 09 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) – Израелските напади врз Појасот Газа што се одвиваат веќе две години и доведоа до раселување и растечка глад, не ги погодија само Палестинците, туку и животните во опколената територија, кои се борат за опстанок, јавува Анадолу.
Фети Џума, сопственик на најстарата зоолошка градина во Газа, изјави дека бил принуден да избега од јужниот град Рафа заедно со своите животни поради постојаните израелски напади.
Тој упати апел до меѓународните организации за помош, додека гладот сè повеќе ја зафаќа областа.
Џума ја основал првата зоолошка градина во Рафа во 1991 година со сопствени средства.
Пред војната, тоа било место кое го посетувале семејства за време на празниците и викендите, а во рамките на зоолошката градина имало кафулиња, игралишта и простори за забава кои привлекувале многу посетители.
Откако започнаа израелските напади, Џума и неговото семејство ги преселиле животните од Рафа во Хан Јунис, а потоа во Деир ел-Балах, барајќи побезбедно место.
Во регион каде што дури и луѓето тешко се движат без возила и на уништени патишта, семејството ја направило тешката мисија со своите животни, оставајќи многу зад себе.
Со продлабочувањето на гладот во Газа, Џума вели дека едвај може да ги нахрани преостанатите животни и повторно апелира до меѓународните организации за итна евакуација на животните од воената зона.