Aybüke İnal Kamacı
10 Септември 2021•Ажурирај: 12 Септември 2021
АНКАРА (АА) - Варијантата Му на коронавирусот носи некои видови на варијантите Бета, Гама и Делта и треба да се следи, истакна членот на Турскиот научен советодавен одбор за коронавирусот Афшин Емре Кајипамаз, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во моментов, варијантата Делта е најдоминантна варијанта и во Турција, и ја гледаме во над 90 отсто случаи кај нас“, изјави Кајипамаз за AA.
Тој потсети дека Европскиот центар за превенција и контрола на болести ги дефинира варијантите Бета, Гама и Делта како загрижувачки варијанти.
„Карактеристиката на варијантата Делта е што таа е најмалку двапати повеќе заразна од претходните варијанти, на пример, од типот што потекнува од Вухан или од британската варијанта опишана како варијанта Алфа“, рече Кајипамас.
Во врска со варијантата Му, според класификацијата на СЗО за „варијанта од интерес“, тој рече дека носи ризик за полесно пренесување меѓу луѓето, а во исто време, за спречување на одговорот на антителата добиени со вакцини или со прележување на вирусот.