Muhammet Kurşun
07 Јуни 2020•Ажурирај: 07 Јуни 2020
АНКАРА (АА) – Во Иран, вкупниот број на починати од вирусот Ковид-19 достигна 8.291, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во текот на последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 72 лица.
Истакнувајќи дека вкупниот број на починати во земјата е зголемен на 8.291, Џиханпур рече дека бројот на заразени се искачил на 171.789, со раст од 2.364 во текот на последното деноноќие.
Портпаролот соопшти дека 2.596 лица заразени со коронавирусот се во критична состојба, додека излекувани и отпуштени од болница се 134.349 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Нагласи дека досега во земјата се направени вкупно 1.084.857 тестирања за Ковид-19. Во последните 24 часа направени се 25.000 со што е срушен рекордот.
Џиханпур, истакнувајќи дека зголемувањето на случаите со Ковид-19 по нормализацијата е нормално, рече:
„Во епидемијата на Ковид-19 го надминавме врвот, бројката почна да се намалува. Иако сме во првиот бран, го надминавме врвот. Нормално е зголемување на бројките по нормализацијата. Бројот на хоспитализираните и пациентите што се наоѓаат на интензивна нега е намален.“
Во Иран на почетокот од мај бројот на евидентирани случаи беше намален на под 800.
Откако беа укинати забраните за движење, бројот на регистрирани случаи на Ковид-19 повторно почна да се зголемува.
Во Иран Ковид-19 за првпат беше евидентиран на 19 февруари, во градот Ком.