Nilay Kar
06 Јуни 2018•Ажурирај: 06 Јуни 2018
МУГЛА (АА) - Најмалку 33 лица се уапсени низ цела Турција поради поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Anadolu Agency (AA).
Дваесет и еден осомничен се уапсени во југозападниот дел на турската област Мугла, како дел од антитерористичката операција против оваа терористичка организација.
Според полициски извори кои говореа под услов на анонимност, осомничените играле активна улога во обидите за обновување на терористичката организација, одржувајќи чести состаноци и згрижувајќи и штитејќи припадници - бегалци на организацијата.
Изворите, исто така, истакнаа дека осомничените им давале финансиска помош на припадниците на ФЕТО кои имале потреба од тоа, со цел да ги задржат непроменети своите врски со организацијата.
„Во одделни акции, единаесет осомничени припадници на ФЕТО, меѓу кои и три жени, се уапсени во 8 турски области, меѓу кои се и Ушак, Истанбул, Измир и Анталија“, изјавија полициски извори денес.
Полицијата запленила компјутери и документи што им припаѓаат на осомничените.
Тие, исто така, се товарат за користење на апликацијата „ByLock“ (Бајлок) за шифрирани пораки на терористичката организација.
Во друга антитерористичка операција уапсен е еден главен наредник во централната област Ескишехир поради поврзаност со терористичката организација.
ФЕТО и нејзиниот водач, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 се повредени.