АНКАРА (АА) - Американската приватна компанија за безбедност и воени услуги, „Castle International“, привлекува внимание со тоа што ѝ дава поддршка на терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа компанија на својата интернет-страница себеси се смета за „познат лидер на меѓународниот пазар за воени услуги“, а тоа и го наведува, дека моментално нуди услуги во Африка, Средниот Исток, Северна Африка, Ирак и Сирија, со името „Special Projects Group“.
Според информациите на оваа интернет-страница, компанијата вработува „квалификувани и тивки“ професионалци, кои им ги нуди на располагање на своите клиенти во специјални работи во местата каде што постои голем ризик.

Оваа компанија тврди дека во воените региони врши евакуациски операции и медицинска помош, и дека функционира како специјална единица за пребарување и спасување.
Покрај мисијата за спасување на оние кои останале зад непријателскиот фронт, компанијата нуди основна пешадиска обука на војници кои претходно служеле на воени региони или ја напуштиле армијата.
Во една осигурителна полиса од 2016 година на интернет-страницата на оваа компанија се забележува дека „Castle International“ врши активности во градот Скотсдал кој се наоѓа во американската сојузна држава Аризона.
На интернет-страницата на компанијата, како и на профилите на оваа компанија на социјалните мрежи, отворено може да се забележат бројни документи и фотографии од кои се гледа дека компанијата работи со терористичката организација ЈПГ/ПКК во северниот дел на Сирија.
Покрај договорот постигнат меѓу компанијата и ЈПГ, персоналот на оваа компанија на социјалните мрежи споделува фотографии со лицата кои ги носат симболите на оваа терористичка организација.
- Фотографии со припадниците на ЈПГ
На бројни фотографии објавени на социјалните мрежи на „Special Projects Group“ (Специјална проектна група-СПГ), која дејствува при „Castle International“, се забележуваат вработени на компанијата облечени во воени униформи, заедно со лицата припадници на оваа терористичка организација
На една од фотографиите објавени под наслов „утринска обука“ се забележува како се обучуваат припадниците на терористичката организација кои во една соба ги оставиле на земја своите оружја.
На друга фотографија се наоѓаат вооружени жени облечени во облека на која се наоѓаат симболи на терористичката организација, како и лица за кои се претпоставува дека е персоналот на оваа американска компанија.
Исто така, на социјалните мрежи е објавена фотографија на која се забележува како тројца вработени на американската компанија се фотографираат пред граничниот премин Ел Јарубие кој е под контрола на ЈПГ/ПКК и се наоѓа на границата меѓу Ирак и Сирија.
На една колективна фотографија се забележуваат неколку лица за кои се претпоставува дека се вработени во оваа американска компанија, како и лица кои на својата облека ги носат симболите на терористичката организација.
Привлекува внимание тоа што овие лица на фотографиите се со покриени лица.
- Договор меѓу терористичката организација и компанијата
На интернет-страницата на „Castle International“ се наоѓа и еден договор постигнат со терористичката организација ЈПГ.
Во текстот на овој договор се наведува дека за долгорочен договор, ЈПГ посакува да воспостави блиски односи со „Castle International LLC“ во експертизата во областите како медицинска помош и логистика.
Под текстот на овој договор со датум „октомври 2014 година“, се наоѓаат потписите на Редур Кселил и Насер Хајимансур, кои се припадници на ЈПГ, и на Дан Чиркоф, Рам А. Патен и Мичал Кварајули.
Се знае дека оваа компанија која САД ја користат под изговор дека водат борба против терористичката организација ДЕАШ, нуди услуги во области како болнички услуги, воена медицина и борбена обука.
Се тврди дека компанијата последен пат во регионот дошла во септември 2017 година, а потоа преминала во Ирак.
Се знае дека во регионот постојат голем број компании кои соработуваат со САД.
Привлекува внимание тоа што компанијата од 2017 година не споделува фотографии на социјалните мрежи.
- Тврдења дека во Авганистан ќе се користат војници од една приватна компанија
Познато е дека САД и претходно добиле воени услуги во бројни кризни зони во светот, воспоставувајќи контакт со приватните компании за безбедност.
Една од тие компании кои беа најмногу актуализирани, е компанијата „Blackwater“, која беше обвинувана за смртта на голем број цивили во Ирак.
Во вест на „Ен-би-си њуз“ (NBC News), објавена во август, се тврдеше дека американскиот претседател Доналд Трамп е заинтересиран за предлогот на основачот на „Blackwater“, Ерик Принц, за приватизација на војната во Авганистан.
Според оваа вест, американските власти истакнале дека се загрижени од можноста Трамп да даде поддршка за планот на Принц за приватизација на војната во Авганистан.
Според тоа, во случај да се прифати предлогот на Принц, местото на воените трупи на САД во војната во Авганистан ќе го преземат приватни платени војници кои ќе работат за американски амбасадори, кои му ќе даваат извештаи директно на Трамп.
Основачот на „Blackwater“, Принц, претходно истакна дека американската администрација ќе троши помалку со воведување на приватни платени војници наместо за американските трупи во Авганистан.
Американски претставник, по изјавите на Принц во видео кое сам го снимал, нагласи дека Трамп повторно е заинтересиран за овој предлог.
Претставник од Министерството за надворешни работи рече дека не е можно да се прифати предлогот на Принц.