İnci Gündağ
14 Јули 2017•Ажурирај: 15 Јули 2017
ЛОНДОН (АА) - Во источниот дел на Лондон, главниот град на Британија, во период од 90 минути се изведени 5 напади со киселина, јавува Anadolu Agency (AA).
Во соопштението што го објави британската полиција се наведува дека синоќа, двајца напаѓачи на мотор им фрлале киселина на други возачи на мотор кои чекале пред семафор, истакнувајќи дека притоа им се украдени моторите на дел од нападнатите лица.
Нападите започнаа во подрачјето Хекни во 22.25 часот по локално време, а последниот напад е извршен во 23.37, во местото Клептон.
Повредени се пет лица на кои им беше фрлена киселина в лице. Повредените се згрижени на лекување во неколку болници во Лондон.
Приведено е едно 16-годишно момче за кое постои сомневање дека е поврзано со нападите. Во соопштението се вели дека во тек е испитувањето на приведениот и се бара од очевидците на нападите и од сите оние што имаат каков било видео-материјал во врска со нападите, да стапат во контакт со полицијата.
- Пораст на нападите со киселина -
Во последните години во Лондон е забележан зголемен бројот на напади со киселина.
Според податоците на полицијата, во главниот град во 2015 година се изведени 261 напад со киселина, а минатата година, бројот на нападите се зголеми на 458.
Оваа година, во првите 6 месеци се изведени 120 напади со киселина.