Во Њујорк вторпат отворена изложбата на фотографии од десеттото издание на „Istanbul Photo Awards“
Изложбата ја сочинуваат делата на сите фотографи што се наградени на годинашниот конкурс.
ЊУЈОРК (АА) – Во Њујорк, Соединетите Американски Држави (САД), повторно е отворена изложбата на фотографии од јубилејното десетто издание на „Istanbul Photo Awards“, меѓународен натпревар организиран од Агенција Анадолу.
Изложбата ја сочинуваат делата на сите фотографи што се наградени на годинашниот конкурс.
Првата ваква изложба се одржа на 15 октомври во кулата Туркеви во Њујорк, кога на отворањето присуствуваше и претседателот на Управниот одбор и генерален директор на Агенција Анадолу, Сердар Караѓоз.
Изложбата беше повторно отворена во Блу Галерија на Менхетен, во присуство на многубројни дипломати и гости. Таа ќе биде отворена за посетителите до 12 ноември.
Посетителите на изложбата може да ги видат фотографиите од глобалната сцена и на различни теми - од израелските напади врз Палестина до земјотресот во Туркије наречен „катастрофа на векот“, од мексиканските криминални организации до бегалските кампови во Авганистан, од употребата на пластика во Нигерија до живеалиштата на слонови претворени во депонии во Шри Ланка, од Светското првенство во пливање во Јапонија до тенискиот турнир во Вимблдон, од дискриминацијата во Индија до мигрантите што ги загубија животите во водите на Шпанија.
Оваа година на натпреварот пристигнаа повеќе од 20.000 фотографии за категориите единечни и серија фотографии од областа на вестите, спортот, животната средина, портретот и секојдневниот живот. Вкупно 32 фотографи освоија награди во десет категории.
Годинашниот натпревар беше поддржан од спонзорите Турксел како комуникациски партнер, Сони како спонзор на наградите, Турската агенција за соработка и координација (ТИКА) како спонзор на меѓународните настани и Туркиш ерлајнс (THY) како спонзор-авиокомпанија.
Информации за наградените фотографии може да се најдат на страницата „istanbulphotoawards.com“.
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.