Emre Gürkan Abay
18 Октомври 2018•Ажурирај: 20 Октомври 2018
МОСКВА (АА) – Бројот на лица кои го загубија животот во нападот на образовната установа во Крим се зголеми на 21. Крим е украински полуостров анектиран од Русија, јавува Anadolu Agency (AA).
Локалните власти соопштија дека бројот на лицата кои загинаа при бомбашкиот и вооружен напад што се случи вчера во кримскиот град Керч, по починувањето на двајца тешко повредени лица, се зголеми на 21. На лекување се 50-мина ранети, од кои 10 се во тешка здравствена состојба.
Од друга страна, рускиот весник „Комерсант“, за осветлување на настанот го ангажираше тимот на генерал-мајорот Сергеј Голкин, кој претходно го истражуваше терористичкиот напад во метрото на Санкт Петербург и пожарот во трговскиот центар во Кемерово во кој животот го загубија 64 лица.
По нападот, во Крим беше прогласена тридневна жалост. Рускиот претседател Владимир Путин, во првата изјава за настанот рече дека нападот ќе биде испитан до детали и резултатите од истрагата ќе бидат споделени со јавноста.
Владислав Рослјаков, 18-годишен студент од градот Керч, вчера со оружје и рачно изработена експлозивна направа изврши напад врз една образовна установа во регионот. По инцидентот Рослјаков извршил самоубиство, а причините за нападот сѐ уште не се познати.
Во првата изјава на Рускиот истражен комитет беше наведено дека инцидентот се смета за терористички напад, но подоцна беше соопштено дека случајот се смета за убиство.