Servet Günerigök
11 Февруари 2021•Ажурирај: 11 Февруари 2021
ВАШИНГТОН
Американскиот претседател Џо Бајден го оствари првиот телефонски повик со кинескиот претседател Си Ѓипинг во кој изрази загриженост во врска со Хонгконг и Ксинџијанг, и во кој двајцата претседатели дискутираа за голем број прашања, вклучувајќи ја пандемијата на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
„За време на телефонскиот разговор, Бајден ги потврди своите приоритети за заштита на безбедноста, просперитетот, здравјето и начинот на живот на американскиот народ и зачувување на слободната и отворена Индотихоокеанска Област“, се соопштува од Белата куќа.
„Претседателот Бајден ја истакна својата фундаментална загриженост во врска со присилните и нефер економски практики на Пекинг, репресиите во Хонгконг, кршењето на човековите права во Ксинџијанг и сè поизвесните активности во регионот, вклучително и кон Тајван“, се вели во соопштението.
Телефонскиот повик следуваше откако Бајден најави формирање работна група за Кина во Одделот за одбрана заради справување со „растечките предизвици“ од Кина.
„Треба да одговориме на растечките предизвици поставени од Кина за да го зачуваме мирот и да ги браниме нашите интереси во Индотихоокеанската Област и на глобално ниво“, изјави Бајден пред новинарите за време на неговата прва посета како претседател на Пентагон.
Меѓу прашањата на кои двајцата лидери разменија мислење беа Ковид-19, предизвиците на глобалната здравствена безбедност, климатските промени и спречување на ширење на вооружувањето.
„Претседателот Бајден се посвети на спроведување практични ангажмани ориентирани кон резултати кои ќе ги унапреди интересите на американскиот народ и на нашите сојузници“, се вели во соопштението.
Според претседателот, Кина е „најсериозен конкурент“ на Америка.