Vesna Besic
14 Март 2022•Ажурирај: 14 Март 2022
КИЕВ (АА) - Градот Буча, недалеку од Киев, сè уште е средиште на војната во Украина, а евакуацијата на цивилите од тоа место е во тек, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилите на Буча го напуштаат градот со приватни автомобили и автобуси.
Војната во Украина трае 19 дена. Според податоците на Обединетите нации (ОН), во Украина загинале најмалку 564 цивили, а 982 се повредени.
Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (ОН) соопшти дека повеќе од 2,6 милиони луѓе од Украина побегнале во соседните земји, а околу два милиони се внатрешно раселени.