Laith Al-jnaidi,Ekrem Biçeroğlu
06 Август 2022•Ажурирај: 08 Август 2022
Фондот за деца при Обединетите нации (УНИЦЕФ) упати апел да се спречи зголемувањето на насилството во Појасот Газа, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Адел Ходр, директорка на УНИЦЕФ за Средниот Исток и Северна Африка, преку писмено соопштение нагласи дека во нападите на Израел врз Газа загинало 5-годишното палестинско девојче Ала, и дека најмалку едно дете е повредено.
Ходр истакна дека во нападите на Израел минатата година, во период од 11 дена во Газа загинале 67 деца, додека во Израел загинале 2 деца.
Таа рече дека децата веќе долго време се сведоци на насилни настани, и дека нарушено е нивното ментално здравје.
„Судирите имаат длабок и долготраен ефект врз сите деца“, додаде таа.
Ходр нагласи дека сите страни треба да направат сè што е можно за да се спречи зголемувањето на насилството.
Според неа, повеќе конфликти предизвикуваат поголема тага и болка, а како што рече таа, треба да се најде долготрајно решение за овој конфликт.