Şenhan Bolelli
02 Ноември 2022•Ажурирај: 03 Ноември 2022
МАДРИД (АА) - Министерот за надворешни работи на Шпанија, Хозе Мануел Албарес, реализира посета на украинскиот главен град Киев, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Албарес информацијата ја потврди преку објава на својот твитер-профил.
„Во Киев дојдов за поддршка на украинската Влада и народ во одбрана на сувереноста, мирот и слободата на Украина“, напиша тој.
Се истакнува дека Албарес во Киев, каде што ќе се сретне со премиерот на Украина, Денис Шмигал и украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, со кои ќе реализира билатерални средби, пристигнал со воз.
Шпанскиот министер ќе ги посети бомбардираните места во околината на градот и ќе оддаде почит на загинатите во руската инвазија која започна на 24 февруари.
Исто така, Албарес на властите ќе им ги предаде 30-те амбулантни возила испратени од шпанската Влада за Украина.