Ekipa
23 Мај 2017•Ажурирај: 24 Мај 2017
ЛОНДОН (АА) - Познатиот британски актер Роџер Мур, напојзнат по улогата на Џејмс Бонд која ја играше во седум филмови, почина во 89. година од животот, пренесува Anadolu Agency (AA).
Информацијата за неговата смрт ја потврди семејството на Мур на социјалната мрежа Твитер, каде пишува дека Роџер Мур починал по „кратка, но храбра борба со карциномот”.
BBC јави дека Мур починал во Швајцарија.
„Со тешко срце мораме да ја поднесеме жалната вест дека нашиот татко, Сер Роџер Мур, денес почина. Многу сме погодени”, наведено е во пораката на неговите деца на Твитер, во којашто додаваат: „Ти благодариме татко што беше посебен кон толку голем број на луѓе”.
Освен култниот серијал „Џејмс Бонд“, тој оствари главни улоги во филмовите „Човекот со златен пиштол“ (1974.), „Шпионот кој ме сакаше“ (1977.), „Операција Вселена“ (1979.), „Само за твоите очи“ (1981.), „Octopussy“ (1983.) и „Поглед на убиство“ (1985.), кои исто така му донесоа извонредна светска популарност, но и критики дека ликот на Џејмс Бонд се свртел кон пародија. По повлекувањето од серијалот за Џејмс Бонд поретко глумеше во филм и воглавно се посвети на хуманитарната работа.