Tuğçenur Yılmaz
20 Јули 2019•Ажурирај: 22 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, оствари телефонски разговор со неговиот американски колега, Мајк Помпео, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиени од дипломатски извори, Чавушоглу телефонски разговарал со Помпео за различни теми.
Се вели дека двајцата министри покрај тоа што размениле мислења за билатерални прашања, разговарале и за различни теми како „F-35“, „S-400“, како и за сириското прашање, Мунбич, Идлиб и безбедносната зона.