Burç Eruygur
11 Јануари 2023•Ажурирај: 12 Јануари 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека нема да има трета светска војна, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Првата светска војна однесе милиони животи. Втората светска војна однесе десетици милиони од нив. Трета светска војна нема да има. Тоа не е трилогија“, рече Зеленски во своето обраќање за време на 80-тото доделување на наградите „Златен глобус“.
„Руско-украинската војна сè уште не е завршена, но доаѓа крајот на војната и веќе е јасно кој ќе победи“, нагласи Зеленски.
„Сè уште има битки и солзи, но сега, дефинитивно можам да ви кажам кој беше најдобар во претходната година: Тоа бевте вие. Слободните луѓе на слободниот свет“, додаде тој.
„Оние кои се обединија околу поддршката на слободниот украински народ во нашата заедничка борба за слобода, демократија, за правото да се живее, да се сака… без разлика кој сте, без разлика од каде сте“, им рече тој на присутните на церемонијата.
Зеленски истакна дека Киев ќе ја спречи руската агресија во Украина и дека тоа ќе го направи заедно со слободниот свет.